Официјалниот „Твитер“ профил на премиерлигашот Лидс Јунајтед, ја искористи приликата да се пошегува на сметка на својот фудбалер Џани Алиоски, откако тој заедно со своите соиграчи „упадна“ на прес-конференцијата на селекторот Игор Ангеловски и прославата ја пренесе пред очите на целата јавност.
-Упад на прес-конференција…се прашуваме чија идеја е тоа, напишаа Англичаните, реферирајќи на честите „упади“ на македонскиот крилен бек и на прес-конференциите на Марсело Биелса минатата година во Чемпионшип.
🤣 Interrupted press conference?
Wonder whose idea that was… pic.twitter.com/S8V5vHZyTA— Leeds United (@LUFC) November 12, 2020


