ФОТО: „Упад на прес-конференција…се прашуваме чија идеја е тоа“, од Лидс Јунајтед се пошегуваа на сметка на Алиоски – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/20 9:43 PM

ФОТО: „Упад на прес-конференција…се прашуваме чија идеја е тоа“, од Лидс Јунајтед се пошегуваа на сметка на Алиоски

Официјалниот „Твитер“ профил на премиерлигашот Лидс Јунајтед, ја искористи приликата да се пошегува на сметка на својот фудбалер Џани Алиоски, откако тој заедно со своите соиграчи „упадна“ на прес-конференцијата на селекторот Игор Ангеловски и прославата ја пренесе пред очите на целата јавност.

-Упад на прес-конференција…се прашуваме чија идеја е тоа, напишаа Англичаните, реферирајќи на честите „упади“ на македонскиот крилен бек и на прес-конференциите на Марсело Биелса минатата година во Чемпионшип.