(видео) Ангеловски: Горан Велики не може да ни го оспорат – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/20 9:24 PM

(видео) Ангеловски: Горан Велики не може да ни го оспорат

-Сега можам да видам зошто им требав на овие момци и зошто ги сакам и мислам дека успееја на нашата мила Македонија да и’ донесат радост.

Со овие зборови селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ја започна прес конференцијата по победата над репрезентацијата и квалификацијата на ЕУРО 2020.  Обиколен од фудбалерите, Ангеловски кажа дека знае колку многу се слави во Македонија, народот кој заслужува славање.

-Ние имавме еден што ни го оспоруваа – Александар Велики, ама Горан Велики не може да ни го оспоруваат, рече Ангеловски.