Освен во Скопје, големата победа на Македонската фудбалска репрезентација вечерва се слави и во градовите од внатрешноста. Штипјани излегоа во центарот на градот радувајќи се за пласманот на Европското фудбалско првенство.
Со факели и свирење од автомобили среде Штип тие слават за победата над Грузија во Тбилиси со резултат 1:0.
Честитики вечерва пристигнаа и од политичарите, кои не пропуштија да потсетат дека треба да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.