Филипче честиташе за пласманот на ЕП на фудбалерите повикувајќи на почитување на мерките за заштита од Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/20 8:48 PM

Филипче честиташе за пласманот на ЕП на фудбалерите повикувајќи на почитување на мерките за заштита од Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче им ја честита победата на нашите фудбалери и пласманот на Европското првенство. Повика и во овие славенички моменти да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

-Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација, напиша Филипче на Фејсбук.