Горан Пандев во солзи на средината на теренот, обиколен од своите соиграчи и со македонското знаме на неговиот грб, а потоа истиот Горан Пандев високо и победнички на рамениците на неговите другари од репрезентацијата, да види фудбалскиот свет уште еднаш за каква икона станува збор.
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Грузија со 0:1 во финалето на плејофот на Лигата на Нациите и за првпат се пласираше на едно големо натпреварување. Следната година момците на Игор Ангеловски во Амстердам ќе го делат теренот со Украина, Холандија и Австрија и ќе се обидат да направат чекор повеќе, изненадувајќи го европскиот континент.
Во продолжение, проследете ги моментите за историја непосредно по последниот свиреж на англискиот арбитар, Ентони Тејлор:
Фото:
Twitter / @BBCMOTD
Twitter / @ESPNFC