Тајни се цените на вакцините против ковид-19: За ЕК овие информации се доверливи – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/20 7:47 PM

Тајни се цените на вакцините против ковид-19: За ЕК овие информации се доверливи

Европската комисија објави дека не може да ја соопшти цената по која се набавуваат потенцијалните вакцини против ковид-19, бидејќи се работи за принцип на заштита на процесот на тендерските набавки.

„Цената на вакцините е дел од потпишаните договори меѓу Комисијата и компаниите, но оваа информација не е јавна“, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер. Додека траат преговорите за комерцијалните договори и тоа со повеќе компании, информациите се од доверливо значење за да нема влијание на исходот од преговорите.

Мамер истакнува дека доверливоста околу документите е стандардна процедура која ја применуваат фармацевтските компании во потпишувањето договори со сите земји.

Не се во пршање само интереси од договорно-комерцијален карактер, туку мораме да бидеме внимателни и во текот на преговорите да не дозволиме компаниите да ги одбираат најдобрите услови – вели европската комесарка за здравје, Стела Киријакидес.

Европската комисија одобри четири договори за набавка на вакцини.

Покрај одобрениот договор со компанијата Фајзер, ЕК потпиша договори за набавка на вакцина и со фармацевтските куќи Астра Зенека, Санови и Џонсон и Џнсон.

Набавката на вакцина се фокусира на производителите од европско тло , согласно стратегијата на ЕК за вакцинација.

 

Извор:   vijesti.me