На социјалните мрежи се шири скандалозна снимка од гола пациентка кој страда од ковид! Ваквите фотографии се споделуваат масовно на Инстаграм, а направена е во Белградска Арена, која во октомври повторно е пренаменета во ковид болница. Споменатите фотографии се најверојатно сликани од видео снимката на надзорните камери во оваа привремена болница, па српските медиуми прашуваат – кој ќе биде одговорен за тоа?
Станува збор за девојката Анастасија М. која без знаење била фотографирана во долна облека во моментот кога се пресоблекувала.
– Фотографијата е направена по приемот во Арена, каде ми рекоа да се соблечам за да направам ЕКГ. Треба ли да погледнам наоколу за да видам дали има камера или апарат, а имав висока температура, секоја коска во телото ме болеше и имам воспаление на двете белодробни крила – објаснила Анастасија М за Курир.рс .

– Некој ќе треба да одговара за ова. Очекувам одговорните да утврдат дали тоа е направено со мобилен телефон или некој направил снимка од безбедносните камери и како допрела до јавноста. Не знам чиј пропуст е ова, дали луѓето од организацијата во Арена или несовесни ковид пациенти, но секако дека некој мора да сноси одговорност за тоа што ми е сторено. Виновникот мора да се открие за да не се најде утре друга девојка, пациент, на мета на такви болни умови – рече Анастасија, чии родители се исто така заразени.
– Јас се грижам за татко ми, кој се бори за живот во Земунската болница, се грижам и за мајка ми, која исто така е заразена, а сега треба да гледам како ми кружат фотографиите на социјалните мрежи. Срамота е колку далеку сме стигнале како луѓе и што прават поединци – заклучила таа.
Според зборовите на координаторот на Арената, д-р Владо Батношиќ, во оваа привремена болница претежно се сместени потешки пациенти со еднострана или двострана пневмонија, што значи, жената на фотографијата е во болница со цел да го зачува своето здравје, а не некој да ја фотографира гола, а потоа јавно да ги открива тие слики.
Извор и фото:kurir.rs


