Без голови на полувреме, македонските фудбалери полека се ослободуваат од почетниот „грч“ – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/20 6:58 PM

Без голови на полувреме, македонските фудбалери полека се ослободуваат од почетниот „грч“

По малку и очекувано, тактички резервирано и со извесен „грч“, фудбалерите на Македонија ги обработија првите 45 минути од финалето во плејофот на Лигата на Нациите против Грузија во Тбилиси.

Домаќинот во првиот дел беше за нијанса поконкретен и ја имаше иницијативата на теренот. Благата иницијатива изразена преку посед, целосно не ја искористи крилниот напаѓач на Анортосис, Торнике Окриашвили, кој прво во 30 минута го тестираше голманот Димитриевски со шут од далечина, а две минути подоцна по солидната контра шутираше над нашиот гол.

Домаќините претежно нивната игра ја базираат врз робусниот напаѓач Ника Качарава и преку крилните позиции се обидуваат да центрираат во шеснаесетникот каде што Качарава впрочем и најдобро се снаоѓа.

Македонија во последните десет минути од првиот дел се ослободи од иницијалниот притисок и малку недостасуваше преку ударот на Горан Пандев со глава во 35 минута да дојдеме до посакуваното водство.