Пендаровски им посака успех на фудбалерите на натпреварот со Грузија – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/20 6:27 PM

Пендаровски им посака успех на фудбалерите на натпреварот со Грузија

Претседателот, Стево Пендаровски вечерва на македонската фудбалска репрезентација и’ посака успех на натпреварот со Грузија. Победата на овој натпревар ја носи репрезентацијата на Европско првенство.

-Тимот на македонската фудбалска репрезентација од мене, но и од сите граѓани, има целосна поддршка. Вечерва, од 18:00 часот ќе ги бодриме и ќе навиваме нашите фудбалери да ја победат репрезентацијата на Грузија и да се пласираме на Европското фудбалско првенство догодина. Во краток разговор со капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци им посакав среќа и да се вратат во Скопје со победа и во добро здравје – напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук-профил.