Изненадувањето се вика Арјан Адеми. Фудбалерот на Динамо Загреб и покрај повредата се најде во првите 11 на селекторот Ангеловски и заедно со Бобан Николов и Алиоски и Ристовски по бочните страни ќе го сочинуваат средниот ред на Македонија.
На голот вообичаено Столе Димитриевски, Велковски, Муслиу и Бејтулаи на централни позиции во одбраната, Елиф Елмас ќе гравитира помеѓу средината и нападот, а истурени во оваа формација ќе бидат Горан Пандев и Илија Несторовски.
Им посакуваме на нашите момци среќа и да се радуваме сите на Европско првенство.