Грузија не е селекција падната од Марс, треба да бидеме внимателни- Дарко Панчев пред наптреварот во Тбилиси – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/20 5:12 PM

Грузија не е селекција падната од Марс, треба да бидеме внимателни- Дарко Панчев пред наптреварот во Тбилиси

Македонската фудбалска репрезентација за нешто повеќе од еден час ќе го одигра најважниот и најголемиот натпревар во својата тридецениска историја. Во финалето вредно Европско првенство 2021 година, во плејофот на Лигата на Нациите, избраниците на Игор Ангеловски ќе се соочат со Грузија во Тбилиси на „Динамо Арената“. Целта е пласман на големата сцена, целта е остварување на сонот на сите генерации кои го носеле црвениот дрес.

Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев, во пресрет на двобојот во Тбилиси го даде своето видување и од стручен аспект за mms.mk се обиде да ги детектира предностите и слабостите во двата табори. Според него „икс факторот“ во селекцијата на Македонија претставува средниот ред, но сепак очекува дека натпреварот ќе биде тврд и неизвесен и со многу борба.

-Мојата прогноза е дуел кој како и многу други досега во овие 40-50 години, кога одлучува нешто, претежно тие дуели се покажуваат како тврди, неизвесни, со малку голови и многу борба. Веројтно и вечер ќе биде така. Сигурно дека најголем хендикеп ќе биде Барди и евентуално Адеми. Но стигаат инфромации дека Адеми ќе игра. Не ја знаеме ние состојбата од страна, но ако игра, а чувствува повреда тоа е проблем и за него и екипата. Понекогаш е подобро некој да не игра, отколку да игра, а „пречи“ на терен, изјави Панчев.

Отсуствата на Велкоски, Ристевски, Барди и потенцијално Адеми, за Панчев претставуваат проблем, но колективната игра е нешто кое би ги надополнило индивидуалните отсуства и би го донела посакуваниот резултат.

-Фудбалот е колективна игра, иако многу често индивуалците решаваат натпревар. Меѓутоа е колектива игра. Не е ништо ново, стара познаница е сто години наназад дека секоја екипа доколку функционира добро, тоа е поради средината на теренот. Откако се појавија овие четири наши играчи во средината (Барди, Елмас, Алиоски, Адеми), го подигнавме нивото. Може да се додаде и Николо, добар тркач, не е креативец, но е голем работник. Таа средина, таа линија е доста компактна и заради тоа ние го подигнавме квалитетот и нивото на нашата репрезентација.

Добро познато е дека во вакви решавачки мечеви, имињата на хартија не играат секогаш улога и ѕвездите не мора секогаш да се пресудни. Македонската репрезентација поседува објективен квалитет во однос на противникот. Дали и колку тој квалитет ќе биде валоризиран, останува да почекаме до вечер.

-Реално, селекцијата на Грузија е доста голема непознаница за нас, можеме да зборуваме врз основа на она што го одигравме со нив, може да се каже дека се една коректна селекција и може да направат проблеми. Не се посилни од нас, секако треба да ги изнеандиме и совладаме на нивни терен. Имаат тие свои квалитети, не се лоши. Грузија како нација има фудбалска традиција. Постарите генерации се сеќаваат на ’60-те и ’70-те години на феномемална генерација на Динамо Тбилиси која „хараше“ низ Европа, им даваа на сите по два три гола. Не е Грузија екипа „падната од Марс“ и дека не знае што е фудбал и заради тоа треба да бидеме внимателни и да си ја бараме својата шанса, заклучи иконата на македонскиот фудбал.

Давор Јосифоски

Фото: novosti.rs