Патеката за спортување на кејот на Вардар полека но сигурно станува место на кое почнаа масовно да се паркираат возила.
Изминативе неколку дена кејот буквално е преплавен од автомобили, а никој не знае од каде возачите успеваат да се спуштат со возилата на пешачката зона.
Урбаната рекреација на пешаците, велосипедистите и децата на кејот целосно е попречена оти мораат да ги заобиколуваат возилата и постојано да внимаваат да не налетаат на нив.
Превземено од: skopjeinfo