Четири лица од Тиквешијата на возраст од 71 до 77 години во изминатите 24 часа ја загубиле битката со корона вирусот, информираа денеска од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.
Меѓу починатите е и дедото на двете млади момчиња од Кавадарци кои во минатата неделаа подлегнаа на компликациите предизвикани од вирусот.
„Во Кавадарци има 14 нови случаи, еден е во Неготино. Очекуваме резултати и од други тестирања. Има починато тројца пациенти во Кавадарци еден на возраст од 71 година и двајца на 77 години. Во Неготино почина пациент на 74 годишна возраст“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во Тиквешијата од почетокот на епидемијата дијагностицирани се над 1000 позитивни на корона вирус, а во моментов активни се над 500 случаи.
Ангел Данов