Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун последен пат се појавил во јавноста пред 23 дена, но тоа не е нешто невообичаено, објави официјален претставник на Министерството за обединување денес.
Ким последен пат бил виден во јавноста на 21 октомври за време на посетата на гробиштата на паднатите кинески борци во Корејската војна, а официјалното лице додава дека неговото отсуство нема посебно значење, пренесува Јонхап.
Во април, Ким исто така не се појави во јавноста 20 дена, а потоа медиумите шпекулираа дека неговото здравје е нарушено, па дури и дека можеби починал, но тоа брзо беше демантирано кога се појави во јавноста.
Преземено од: https://www.b92.net/