Македонските фудбалери вечерва на одлучувачки меч за деби-учество на Европско првенство – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/20 1:12 PM

Македонските фудбалери вечерва на одлучувачки меч за деби-учество на Европско првенство

Mакедонската фудбалска репрезентација вечерва игра историски меч, за прво свое учество не едно големо натпреварување – Европското првенство в година. Од 18 часот во Тбилиси ќе се соочи со Грузија, во директен меч за пласман на ЕП, на кое, ако се пласираме, веќе се знае, ќе играме во група со Холандија, Австрија и со Украина.

Селекторот Ангеловски и фудбалерите најавуваат голема борба и веруваат во победа. Ќе недостигаат неколкумина првотимци, меѓу кои, поради повреда, и Барди, а, според последните информации, Адеми, сепак, ќе се појави во стартниот состав.

И Грузијците ќе настапат без неколкумина повредени првотимци.