Недоразбирања во врската или во бракот: Надминете ги со неколку едноставни совети – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 10:55 PM

Недоразбирања во врската или во бракот: Надминете ги со неколку едноставни совети

Поради се’ поголемите потреби, барања и желби, информациите на кои секојдневно сме изложени, а се поврзани со браковите или врските, говорат дека често се јавуваат конфликти. Темпото со кое живееме па дури и во целата вонредна ситуација годинава, не остава многу простор за да се посветиме едни на други, а сите знаеме дека ако проблемите не се решат на време, работите мoже да станат уште полоши, а луѓето исфрустрирани.

По ова, на ред доаѓа раскинувањето, односно разводот. Имајќи го тоа предвид, јасно ни е зошто толку бракови пропаѓаат. Расправите на темите за кои вие и партнерот имате различни ставови, може да бидат непријатни. Сепак, со малку внимание можете да ги направите поприфатливи. На оваа тема говори и психотерапевтката, Тери Орбух која дава неколку важни совети за тоа како да се носите со конфликтите во врската или во бракот:

Посветете се на решавање на проблемите

Следен пат кога ќе посакате да разговарате со партнерот за нешто што ве нервира, почнете го разговорот преку телефон. Кажете му за што сакате да зборувате и како се чувствувате поради тоа. Потоа прашајте го дали сака кога ќе си дојде дома, да поразговарате за тоа. На овој начин, тој ќе има време да размисли за се’, па расправата сигурно нема да биде тлку жестока, како што би била доколку го фатите неподготвен за таа тема.

Внимателно бирајте ги зборовите

Додека разгварате за сериозни теми, а настојувате да избегенете расправија, бидете внимателни со зборовите. Во текот на жестоките кавги, понекогаш кажуваме нешто поради кое подоцна ни е жал. Затоа, дoбро размислете за се’ што ќе кажете и обидете се да ги избегнувате зборовите како „секогаш“ и „никогаш“. Со нив, партнерот го доведувaте во безизлезна ситуација во која тој само уште повеќе ќе се изнервира.

Не аргументирајте во спалната соба

Конфликтите во спалната соба, особено пред спиење, треба да се избегнуваат. За да не паднете во искушение, сепак почнете разговор, но не разговарајте за сериозни теми во кревет. Спалната соба треба да биде неутрална зона. Ако сакате секс за смирување, само кажете дека ви е жал или дека ќе се обидете да го коригирате своето однесување.

 

Извор:  lepotaizdravlje.rs