Неодоливо вкусен, но и здрав: Колач со овесни снегулки, готов за 15 минути! – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 9:24 PM

Неодоливо вкусен, но и здрав: Колач со овесни снегулки, готов за 15 минути!

Вегански десерт кој може да го јадете без грижа на совест – колач од јаболко и овесни снегулки. Не морате да се откажете од благото, дури и доколку сакате да се ослободите од масните наслаги, или едноставно да се храните здраво.

Потребно е само незадравите состојки  од омилениот колач да ги заменете со некоја поздрава варијанта.

Обидете се со овој единствен колач од овесни снегулки со јаболко.

Рецепт за овој интегрален колач

Состојки за тестото

2-2.5 шолји овесни снегулки

2 шолји интегрално брашно

1 шолја кафеав шеќер

6 лажички кокосово масло

2 лажички ленено семе

2 лажички цимер

Малку сол

Вода по потреба

Состојки за филот

2 јаболка излупени и исечкани на коцки

2 круши, излупени и исечкани

2 дланки боровница

2 лажички пченкарен скроб

2 лажички јаворов сируп (може и мед како замена)

Подготовка

Измешајте ги сите состојки за тестото. Земете калап за мафини и премачкајте го со билно масло и брашно, па внатре сипете од тестото. Во средината на секоја „мафина“ направете дупка пред печењето, така што ќе добие форма на чашкичка. Печете петнаесетина до дваесет минути на 80 степени.

Сите состојки за филот измешајте ги во еден сад, а потоа од него ставете во празнините на колачите.

Ќе добиете здрав и вкусен десерт. Можете да го послужите додека е топол, но секако е вкусен и откако ќе се олади.

 

 

Фото:  pixabay.com

Извор:  zenskikutak.rs