Пиејќи чај изборете се со несоницата – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 8:46 PM

Пиејќи чај изборете се со несоницата

Несоницата може да биде предизвикана од многу причини – како физички, така и психички (загриженост, стрес, планирање на утрешниот ден и слично). Всушност, психичките проблеми многу почесто може да предизвикаат несоница, па за да имаме мирен сон мора психички да сме стабилни, односно опуштени, за што придонесува пиењето природен чај од билки.

Чаеви кои помагаат при несоница:

камилица

лаванда

рузмарин

анасон

секој друг што ви делува релаксирачки

Важно е да се напомене дека не смеете да пиете чај непосредно пред да отидете в кревет, туку еден час или половина час претходно. Исто така, немојте да пиете повеќе од 2 dcL чај. Оваа напомена важи и за останатите течности, а причината е јасна – да не морате среде ноќ да одите во тоалет.

Потребно е во вечерните часови да ги избегнувате чаевите кои даваат енергија, како на пример чајот од ѓумбир, или од нане. Црниот, зелениот и кој било друг чај со кофеин особено не доаѓаат предвид.

Се препорачува да купувате рефус чај, а не во вреќички,и ваквиот чај е поквалитетен, а може да го најдете и за помалку пари. Доколку сепак сакате да купите чај во вреќички, прочитајте го составот на амбалажата бидејќи во продавниците на пример, се продава чај од портокал, кој воопшто не содржи портокал.

Останати методи против несоница

За да можете целосно да се опшутите, запалете некоја свеќа со убав мирис, пуштете некоја лесна музика. Многумина сметаат дека и читањето книга, исто така помага полесно да се заспие.

 

Извор:  krenizdravo.hr