Рокетси би можеле да го трејдаат Вестбрук, иднината на Харден неизвесна – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 8:32 PM

Рокетси би можеле да го трејдаат Вестбрук, иднината на Харден неизвесна

Уште една во низата сезона без трофеј во НБА лигата, го вклучи алармот помеѓу главните ѕвезди во Хјустон Рокетс. Елиминацијата од Лос Анџелес Лејкерс во „баблот“ на Флорида, веднаш му врачи и отказ на тренерот Мајк Дантони и го потресе тлото во историски декорираната франшиза.

Според Кевин О’Конор од „The Ringer“, Рокетси се отворени за излезен трејд на Расел Вестбрук во блиска иднина, а Лос Анџелес Клиперс и Њу Јорк Никс се потенцијално „најзагреаните“ тимови за поранешниот МВП.

Покрај Вестбрук, играчот број еден на Хјустон, Џејмс Харден, исто така изразил незадоволство од ситуацијата во франшизата. Засега двајцата немаат официјално побарано трејд, но можноста за таквото непосакувано сценарио за фронт офисот на клубот е реална.