Што кога детето е несакано: Лошите емоции создаваат рани во детското срце што тешко зараснуваат – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 6:48 PM

Што кога детето е несакано: Лошите емоции создаваат рани во детското срце што тешко зараснуваат

Ниту еден родител нема да признае дека не го сака своето дете. Сепак, ако тој лошо се однесува кон него, тоа е така затоа што немал свесна желба дека сака да има деца. Ако детето се чувствува несакано, нема да може точно да разбере што му се случува, а светот ќе го гледа како опасно место, па ќе направи се’ за да го промени тоа. Родителите во овој случај, дополнително ја комплицираат ситуацијата со тоа што не признаваат дека го занемаруваат детето. Тие го рационализираат своето однесување со разноразни причини, па не му покажуваат доволно љубов. Ваквите родители сметаат дека секој агресивен начин на однесување кон детето е добра, исто како и рамнодушното однесување. Затоа, на крај детето е збунето и мисли дека направило нешто погрешно.

Често се случува родителите да бараат од детето нешто што тоа не е во состојба д го направи. Родителите честопати имаат големи очекувања од детето, лошо му објаснуваат некои работи или очекуваат многу повеќе од она што детето е способно да направи во тој момент од својот развој.  На овој начин родителите се фрустрираат самите себе поради сопствените нереални очекувања. Уште полошо е што на овој начин се фрустрира и детето бидејќи за себе може да помисли дека е неспособно. Несаканото дете смета дека речиси се’ што прави создава нервоза кај неговите родители, но и дека ништо од она што го прави, не е доволно добро за нив. Поради тоа,  се чувствува беспомошно. Детето не може да разбере зошто страда, па анксиозноста и болката би манифестира преку своето однесување:

Може да развие страв или фобија од мрак, односно од сите ситуации кои не може да ги контролира.

Станува импулсивно, не може да ги исконтролира бесот и силните емоции (дури и радоста) па често реагира бурно.

Еден ден бара едно, а друг друго. Често го менува своето однесување. Ова е вообичаено за децата, но кај занемарените деца е многу повеќе изразено.

Станува анксиозно, не може да седи мирно.

Тешко е да се концентрира и има проблеми на училиште. Се обидува да остане невидливо за своето опкружување.

Несаканото дете нема социјални вештини. Непријатно му е или лошо се чувствува кога е во присуство на други деца.

Покажува знаци на збунетост и очајно му е потребна пддршка.

На луѓето им е потребен допир, прегратка и топол збор. Тоа е така цел живот, особено во детството. Сите овие фактори се како храна за нашите емоции за да можеме да оствариме духовен раст. Ниту еден родител не е совршен, но секој родител мора да се погрижи неговото дете да се чувствува сакано. Рамнодушноста ги боли децата и ваквото однесување создава рани во детското срце, кои тешко зараснуваат дури и кога детето ќе порасне.

 

Извор:        zenskikutak.rs