Терористичкиот напад во главниот град на Австрија минатата недела, покрена низа прашања за безбедноста на австриската престолнина и ја натера австриската влада да предложи, а денес и да усвои пакет мерки за борба против тероризмот.
Пакетот е насочен против сите терористички активности, односно сите личности кои на различни начини предизвикуваат опасност по општеството и државата, но и против политичкиот ислам.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на прес-конференцијата за медиуми изјави дека Австрија изминатата недела била соочена со стравичен терористички напад и дека не е доволно само да се жали по жртвите, туку и да се преземат мерки за спречување на идни напади.