Поради страв од ширење на вирусот откажан е мечот Норвешка-Израел – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 5:24 PM

Поради страв од ширење на вирусот откажан е мечот Норвешка-Израел

Пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Норвешка и Израел е откажан поради страв од ширење на коронавирусот.

Како што соопшти Норвешката фудбалска федерација, дуелот Норвешка-Израел кој требаше да се најде на денешата програма е целосно откажан по предлог на здравствените власти во земјата.

Еден од репрезентативците на Израел во текот на вчерашниот ден бил позитивен на Ковид-19 и оваа одлука е во насока на превенирање посериозни и поголеми здравствени штети.

Норвешка сепак следниот дуел во Лигата на Нациите против Романија ќе го одигра во недела, а три дена подоцна ќе се соочи со Австрија. Израел пак, во рамките на истото натпреварување ќе игра против Чешка во недела и против Шкотска следната среда.