Иако се мислеше дека скоро па комплетни ќе настапиме на „Динамо Арената“ во Тбилиси, од таборот на македонската репрезентација доаѓаат непријатни вести.
Според „Мacedonian Football“, Кире Ристевски и Крсте Велкоски на последните тестирања пред летот за Грузија биле позитивни на Ковид-19 и не се придружиле на своите колеги, додека пак фудбалерот на Леванте, Енис Барди, на вчерашниот тренинг во Скопје доживеал повреда која ќе го оддалечи од терените на неодредено време.
Покрај голманот Божиновски и Арјан Адеми, ова е уште еден удар врз македонската фудбалска селекција што ќе предизвика „главоболки“ кај селекторот Ангеловски.
Селекцијата на Грузија исто така ќе биде десеткувана на утрешниот дуел. Еден од нивните најдобри фудбалери, Квича Кваратшкелија, заразен е со коронавирус заедно со соиграчот од нападот, Леван Шенгелија.