Македонската фудбалска репрезентација попладнево пристигна во престолнината на Грузија, во пресрет на финалето од плејофот на Лигата на Нациите.
Нашата селекција утре од 18:00 часот на „Динамо Арената“ во Тбилиси ќе ги вкрсти копјата со репрезентацијата на Грузија, во обид за првпат да се квалификува на едно големо натпреварување и да ја искористи историската шанса за Европско првенство.
Освен голманот на Силекс, Божиновски и Арјан Адеми, на селекторот Ангеловски му се достапни сите играчи, а Македонија утре ќе ја предводи со капитенската лента, Горан Пандев.