Еден починат и 52 нови ковид позитивни во Тиквешијата покажува статистиката за изминативе 24 часа во овој регион.
Во Кавадарци има 25 нови случаи, во Неготино 23, по двајца нови ковид позитивни има во Росоман и Демир Капија – информираа од Центарот за јавно здравје.
„Новите позитивни се на возраст од 17 до 72 години. Има еден хоспитализиран пациент од Кавадарци и тројца од Неготино“ – информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.
Се работи на утврдување на контактите на новите позитивни.
Заклучно со вчера во Кавадарци активни се 339 ковид случаи, а од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 752 позитивни. Во Неготино активни се 166 случаи, а дијагностицирани вкупно 261.
„Починат е 77 годишен пациент кој се лекуваше на ковид одделението во нашата болница. Во моментов се хоспитализирани 47 пациенти со средно-тешка клиничка слика и има слободни уште 13 болнички кревети“ информира директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.
Во текот на вчерашниот ден беше направено уште едно проширување на ковид одделот за 10 болнички кревети, со што сега во болницата има место за вкупно 60 ковид позитивни пациенти.
Ангел Данов