Денеска пред Министерството за здравство се појави ликот на актуелниот министер Венко Филипче во картонска форма како ја симболизира „смртта“. Фотографијата се појави на социјалната мрежа Твитер, каде стои дека наводно ваквата картонска форма на Филипче е поставена од УМС Аеродорм.

Засега нема никаква реакција од опозициската ВМРО ДПМНЕ, за вакавата герила кампања.
Во оригинал ви го пренесуваме Твитот објавен од никнејмот „рецепционерот Таљат“:
Стефан Синадиновски, претседател на УМС Аеродром и другар на Мицкоски, денеска монтирал плакат во дворот на министерство за здравство напагајки го мијистерот Венко Филипче! ВМРО се вампири, се радуваат на човечка невоља и смрт! pic.twitter.com/JxHd2tKUS4
— рецепционерот Таљат (@TaladOdPrespaF) November 11, 2020


