Кога денот не ви е тргнат на добро, имате намуртено лице и кога сте нетрпеливи што побрзо да се збогувате со тој ден, еден мал детал во текот на тие 24 часа може за момент да го промени правецот.
Таква една идеја им дошла на ум на Данците за да ги расположат своите клиенти во еден маркет. На влезот стои компјутерски екран на кој е прикажано човече кое им дава упатство на купувачите дека за да се отвори вратат и да влезат треба да се насмеат. Погледнете каква беше реакцијата на повеќето граѓани од различни возрасти. Ако важи она „убавиот збор, железни врати отвора“, овде би било „убавата насмевка, отвора врати од супер маркет“.
Г.Д
متجر في الدانمارك لا يفتح بابه الا بابتسامة 🙂😄
Posted by Fibladi + on Saturday, September 26, 2020


