Откриен глобален картел за злоупотреба на деца со седиште во Австралија – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 1:09 PM

Откриен глобален картел за злоупотреба на деца со седиште во Австралија

Во Австралија, по една дојава од американските власти откриен е меѓународен картел за злоупотреба на деца, пренесува „Анадолија“.

Според веста на „ABCNews“, заменик-комесарот на австралиската федерална полиција, Џастин Гог соопшти дека 16 лица се приведени во државите Нов Јужен Велс, Квинсленд и Западна Австралија под 828 обвиненија, вклучително и сексуално злоупотреба на деца.

Гог информираше дека меѓу уапсените имало и работник за згрижување деца и фудбалски тренер и дека картелот има врски во САД, Канада, Азија, Европа и Нов Зеланд.

Се наведува дека 46 жртви на картелот биле идентификувани во Австралија од 16-месечни деца до 15-годишни.

Се истакнува дека Националниот центар на САД за исчезнати и експлоатирани деца во австралиската полиција во февруари пријавил за злоупотреба на децата, откако едно лице во Нов Јужен Велс поставило материјал за злоупотреба на деца на Интернет.