Експертите – Земјотресот со епицентар во Леуново не треба да не изненадува – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 1:07 PM

Експертите – Земјотресот со епицентар во Леуново не треба да не изненадува

Во дел од Полошкиот регион може да се регистрираат земјотреси и до 9 степени според Меркелиевата скала а во регионот од Гостивар кон Дебар и до 8 степени, велат експертите. Затоа земјотресот со епицентар во Леуново не треба да не изненадува.

Земјотресот не убива тука убиваат лошите градби, вели универзитетскиот професор по урбанизам Енис Јакупи. Ако знаеме дека цела држава ни е трусно подрачје, тогаш треба да се внимава какви градби се градат во овој регион.

Граѓаните кои утринава ги разбуди земјотресот, велат дека се вознемири, но спас од ваква природна непогода нема.

Последните истражувања покажале дека во полошкиот регион, може да се очекува земјотрес и од 8 степени според Меркелиевата скала , а во некои делови од овој регион и до 9 степени.

Зоран Димовски