Со поголемите надлежности на инспекторите многу помалку се залежани непочитувања на здравствените протоколи, вели Филиповска Грашкоска – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 12:48 PM

Со поголемите надлежности на инспекторите многу помалку се залежани непочитувања на здравствените протоколи, вели Филиповска Грашкоска

На новинарско прашање дали откако инспекторите добија поголеми надлежности, повеќе се почитуваат протоколите и каква е состојбата со кривичните и прекршочните пријави односно дали има намалување, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдален Филиповска Грашкоска истакна дека изминатат недела многу малку е забележано непочитување на здравствените протоколи.

„Можам слободно да констатирам дека многу помалку се забележани непочитувања на здравствените протоколи во текот на изминатата недела. Ќе си дозволам да го искоментирам зошто ова е вака, претпоставувам дека измените на законот со кој што се зголемија овластувањата на инспекторите, но и се додадоа нови мерки како што е забраната за вршење на дејност и глоби за изрекување во случај доколку не се почитуваат протоколите ги дадоа своите резултати. Впрочем во текот на изминатата недела констатирана е само една неправилност во однос на не почитување на здравствениот протокол од страна на пазарниот инспекторат, станува збор за објект во Куманово, з акоја е изречена забрана за дејност и изречен е прекршочен платен налог“, изјави на денешната прес конференција Филиповска Грашковска.

Г.Д