Се расплакав од среќа- Мечето Теди конечно ужива, се паси од мокриот бетон во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 12:04 PM

Се расплакав од среќа- Мечето Теди конечно ужива, се паси од мокриот бетон во Штип

Мечето Теди конечно е среќно, далеку од кафезот и мокриот бетон во Штип. Далеку од луѓе без емпатија.  Колку е среќен напиша Тина Мицковска, која е најголемиот „виновник“ з среќата на Теди.

-За убав ден, Теди е пуштен надвор во новиот дом во паркот во Белица. После неколку денови во карантин, мечето конечно ужива. Нема веќе решетки, нема веќе мокар бетон. Абе како насмеан и среќен е на сликите, се расплакав, напиша Тина

До пред само шест дена Теди го живееше пеколот во штипскиот Зоо парк, во кафез од само 10 квадратни метри, мокар и со тажни очи.

Резерватот „ Паркот на танцувачките мечки“ е еден од најдобрите во Европа. Се простира на 150. 000 квадратни метри во Белица, Бугарија. Финансиран е од фондацијата на Брижит Бардо и „4 Шепи“ или  „Four Paws“.

-Таму ќе биде трајно место за живеење на Теди. Условите се одлични, постојано ќе добива нега и ветеринарна грижа. Сепак Теди е младо мече кое допрва ќе расте и се надевам ќе заборави на пеколот низ кој помина. Денеска кога отидовме по него со екипата на „4 Шепи“  Теди лежеше на мокар под од бетон. Тоа нека биде последна тажна слика од мечето, рече тогаш Тина за ММС.