(ВИДЕО) Херојот на денот: Кучето што му го спаси животот на својот сопственик – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 11:58 AM

(ВИДЕО) Херојот на денот: Кучето што му го спаси животот на својот сопственик

Еден златен ретривер бил прогласен за вистински херој кога му донел брза помош на сопственикот кој се онесвестил.

Сопственикот на кучето се урна во преполната уличка во Јунченг во кинеска провинција. Минувачите кои биле таму повикале брза помош, но она што го снимила камерата од брзата помош било навистина неверојатно.

Верното куче стоеше на среде улица и чекаше помош. Кога ја видел брзата помош, кучето му пришло, а потоа истрчало во правец кон местото каде лежел сопственикот, свртувајќи се неколку пати за да види дали го следат, а потоа побрзал. Работниците на брзата помош, следејќи го кучето, дошле кај сопственикот и му помогнале. Се испостави дека брзата реакција му го спасила животот на мажот и да не беше кучето, можеби немаше да го пронајдат за толку кратко време.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/