Пожар во мигрантскиот камп на Самос – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 11:01 AM

Пожар во мигрантскиот камп на Самос

 

Утрово избувна пожар во кампот за мигранти на грчкиот остров Самос, а се уште нема информации за повредени, пренесува АП. Противпожарната служба наведува дека пожарот што се проширил на шатори и други објекти е со ограничен обем. Во гаснењето на пожарот учествуваат 18 пожарникари со девет возила. Нема информации дека некој од шаторите во преполниот камп е уништен.

Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот.

Повеќе од 3.800 луѓе живеат во кампот на Самос и неговата околина, иако капацитетот на кампот е 650 луѓе.

АП потсетува дека најголемиот камп за мигранти во Грција, Морија на островот Лезбос, беше уништен во серија пожари во септември, поради што над 10.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Инаку, островот Самос утрово го погоди земјотрес со јачина од 4,2 степени, кој беше снимен во близина на него.

Преземено од: http://www.rtv.rs/