Покрај брегот на Караташ во Адана, грчки танкер се судри со турски рибарски чамец. Исчезнати се пет лица од превртениот чамец. Започната е операција за пребарување и спасување, пренесува „Анадолија“.
Командата на Крајбрежната стража соопшти дека три брода на Крајбрежната стража и тим за нуркање се испратени во подрачјето по добивањето на информацијата дека се судриле грчи танкер и турски рибарски чамец и дека чамецот се превртел во 5.50 часот на оддалеченост од 15 милји од Караташ.
Започна операцијата за пребарување и за спасување на пет лица од чамецот кои се водат за исчезнати.