На новогодишната ноќ сите ресторани во Москва ќе бидат затворени, изјави Алексеј Немерјук, шеф на Одделот за трговија и услуги на главниот град на Русија.
“Новата година ќе дојде, нема да исчезне никаде, ќе се појави на 31 декември. Но за жал, очигледно, во нешто поскромен формат. Сите ресторани нема да работат ноќта, рече Немерјук за “Русија 24”.
Според него, не станува збор за целосно затворање на рестораните во рускиот главен град.
Претходно, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин воведе дополнителни мерки поради пандемијата на коронавирусот. Меѓу другото, од 23 до 6 часот не работат рестораните, кафулињата, баровите.


