На цела територија на цела Македонија, рано утрово почувствуван е силен земјотрес. Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ станува збор за земјотрес со јачина од 5.0 степени по рихтер.
Според објавите по социјалните мрежи, повеќе гостиварци и жители на градови во западна Македонија утрово доживеаа непријатно будење. Во шест минути пред пет часот почувствувале потрес со средна јачина.
Според првичните информации станува збор неговата јачина била 5.0 степени по рихтер. Епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.
– Телеметриската сеизмолошка мрежа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана, рано утринава, година во 04 часот и 54 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.0. Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени. Во регионте на Битола, Прилеп и околината со III степени според истата скала, вели Драгана Черних раководител на сизмолошката опсерваторија при ПМФ
Освен взомениреноста кај граѓаните, досега не се регистрирани штети, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195. Околу 6:23 часот почувствуван е уште еден потрес со јачина од 3, 6 степени, што се толкува како афтер шок по првиот удар.
Земјотресот силно ги вознемири и животните од скопската зоолошка градина.
Животинкиве гревчиња ЗОО Скопје #земјотрес pic.twitter.com/zdqtcAw2ZH
— Sylvester (@Sylvester_mk) November 11, 2020