Страдате ли од зависност од мобилниот телефон? – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 5:27 PM

Страдате ли од зависност од мобилниот телефон?

Ако мобилниот телефон повеќе ви служи како „продолжеток“ на раката отколку како посебен субјект, тогаш се вбројувате во оние педесетина проценти од популацијата, кои велат дека не можат да живеат без своите паметни телефони.

Станавме нетолерантни кон самотијата – забележува психологот Шери Туркл. На нашиот мозок сега му треба постојана стимулација, што можеби е најопасно од сите промени – вели таа во изјава за Бизнис инсајдер.

Зошто е тоа опасно? Прилично важно е да бидеме мирни и фокусирани кога носиме важни животни одлуки, но нашата врска со технологијата ја поремети нашата концентрација. Сосредоточената, односно фокусирана свесност е практика на обрнување внимание намерно, свесно, со отворен ум и без расудување. Оваа свесност ни помага да живееме во сегашниот момент наместо да размислуваме за минатото или да се грижиме за иднината. Ако сме постојано стимулирани, тоа значи дека не сме во целосен контакт со нашата свест и тогаш не можеме да судиме добро и да бидеме рационални.

Постојат повеќе начини на кои можеме да ги ублажиме прмените кои се развиваат кога стануваме се повеќе зависни од технолгијата. Најлесниот начин е да си направите дигитален детокс. Исклучувањето на мобилниот телефон барем на еден час може д анаправи голема разлика. Намерното исклучуање на телефонот во текот на денот може да му помогн на вашиот мозок да се „освежи“ и потоа повторно да се фокусира на важните работи. Подарете си еден ден без технологија и без сомнеж, ќе размислувате појасно.

 

Извор:  krenizdravo.hr