Ако сметате дека ништо на светот не може да го надмине мирисот на кафе, веројатно сте по малку зависни од него, но ова воопшто не е лоша работа. Се’ повеќе истражувања откриваат дека кафето (во умерени количини) може да биде прилично добро за здравјето. Во продолжение, дознајте кои се придобивките од пиењето кафе.
Намален ризик од дијабетес
Неколку шолји кафе на ден може да го намалат ризикот од појава на дијабетес тип 2. Причина за ова е комбинацијата на хемкалции што се наоѓаат во зрната кафе, а кои играат важна улога во вашиот метаболизам. Една од тие хемикалии е хлорогенската киселина која би можела да го намали и нивото на глукоза во крвта.
Кафето ја подобрува меморијата
Истражувачи од американскиот универзитет University of South Florida откриле дека кофеинот и кафето воопшто, може да го зголемат нивото на хормони кои помагаат во создавањето нови нервни клетки, а тоа го намалува ризикот од појава на Алцхајмерова болест. Студија објавена во Circulation: Heart Failure откива дека умерената козумација на кафе (околу две шолји дневно) е поврзана со намалување на ризикот од појава на срцеви прбблеми.
Кафето го намалува ризикот од рак на кожа
Кафето може да го намали ризикот од карцином на базалните клетки, најчестиот вид на рак на кожата – барем според истражувањето објавено во Cancer Research. Исто така, треба да се спомене дека кафето без кофеин немало такви ефекти.
Извор: magazin.novosti.rs