Ќе биде ли сексот добар или не: Дознајте што е пресудно! – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 11:51 PM

Ќе биде ли сексот добар или не: Дознајте што е пресудно!

Доколку сте во нова врска, сосема нормално е да се запрашате каков ќе биде вашиот сексуален живот и дали воопшто ќе функционира. Можеби околу тоа ќе ви помогне анкетата спроведена меѓу 5500 испитаници кои не биле во врска, а се од различна возраст, националност и со различна финансиска состојба. Во анкетата, 83 проценти од испитаниците откриле кои две работи се клучни за добар секс.

Истражувањето „Singles in America“ покажало што е важно за повеќето луѓе кои влегуваат во нова врска, во однос на активностите во кревет. Ова истражување исто така, укажува и на тоа што треба да се прави за да бидат овие активности поуспешни. Повеќето од испитаниците, односно над 80 проценти од нив одговориле дека два фактора за клучни за добар секс – внимание и ентузијазам од страна на партнерот.

Секако, постигнувањето оргазам е многу важно, но и понатаму не се најоѓа на врвот на листата на најважни фактори. Значи, не грижете се  доколку на личноста со која сте во врска не и’ овозможувате оргазми.

Истражувањето ги зело предвид и факторите кои не влијаат добро врз сексуалниот живот. Испитаниците споделиле дека не им се доаѓа зборувањето за време на сексуалниот чин, не им годи лошото бакнување, недостигот на страст, но и неизјавувањето љубов од страна н партнерот кога ќе помине извесно време откако почнала врската. Сите испитаници признале дека сексот може да се подобри по неколку обиди, па не би требало да се нервирате доколку почетокот не е совршен.

Што се однесува до сексот за една вечер, триесет проценти од машките испитаници изјавиле дека тоа е најдобриот секс, а истото го потврдиле и 15 проценти од жените.

Заклучокот е дека и за мажите и за жените сексот треба да биде нешто во кое и двете страни ќе уживаат, а тоа ќе се оствари околку бидете внимателни и полни со ентузијазам.

 

Извор:  vijesti.me