Ми рекоа дека нема да можам да останам бремена, но се случи чудо: Луна Џогани искрено за бременоста – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 11:24 PM

Ми рекоа дека нема да можам да останам бремена, но се случи чудо: Луна Џогани искрено за бременоста

Луна Џогани јавно се огласи по повод нејзината блажена состојба, но се потсети и на некогашните „прогнози“ на лекарите дека нема да може да се оствари во улогата на мајка. Пејачката гостуваше во емисијата Ami G show  и зборуваше за она низ што поминала во претходниот период.

Да, имав здравствени проблеми. Успеав да се излечам, имав некои интервенции. Измислуваа сешто, мислев дека никогаш нема да можам да останам бремена. Така ми рекоа, но се случи чудо. Јас многу сакав да станам мајка и со Марко работевме на тоа – откри таа.

На прашањето како реагирала кога дознала дека е во блажена состојба, таа одговори:

„Пребледев, молчев дваесет минути. Не можев да поверувам што ме снајде. Станав поспокојна, помирна, спијам како бебе, полна сум со љубов и со преубава енергија, а и сите ми велат дека тоа се чувствува“.

 

Извор:  republika.rs