Занемарувањето на оралната хигиена влијае на целокупното здравје: Од белите дробови до бубрезите – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 10:53 PM

Занемарувањето на оралната хигиена влијае на целокупното здравје: Од белите дробови до бубрезите

Повеќето луѓе не ги мијат забите два пати на ден, не користат забен конец толку често колку што треба, а многу малку луѓе користат интердентална четка. Ако веќе ги миете забите само еднаш на ден, стоматолозите имаат теорија кога треба да го сторите тоа.

„Бактериите се менуваат на секои 12 часа, па ако сакате да ги држите под контрола, треба да ги миете забите на секои 12 часа“, вели стоматологот д-р Ели Филипс, додавајќи:

Никогаш не треба да прескокнувате миење на забите пред спиење, бидејќи „најопасното време“ за забите е кога спиете.

„Тоа е најопасното време за вашите заби затоа што протокот на плунка ви се намалува, а внатрешноста на устата станува покисела. Исто така, многу луѓе ноќе дишат преку устата ноќе, што ја прави уште посува”, објаснува Филипс и додава дека плунката е главниот заштитник на нашите заби.

Д-р Филипс, како и повеќето други стоматолози, вели дека навистина треба „да ги миете забите два пати на ден со мека четка“.

Доколку не го сторите тоа, може да има негативни последици по целокупното здравје, не само врз здравјето на устата.

Деменција

Откако 18 години се следени речиси 5500 луѓе, студија објавена во “Journal of American Geriatrics Society” во 2012 година покажала дека оние што признале дека не ги мијат забите секојдневно, имаат 22 до 65 проценти поголем ризик од деменција за разлика од оние што редовно ги мијат забите.

Воспаление на белите дробови

Ако ја подобрите хигиената на усната празнина, всушност можете да ја намалите можноста за развој на пневмонија. Значајна студија објавена во „Annals of Periodontology“ покажува дека подобрата хигиена во устата ја намалува инциденцата на пневмонија за околу 40 проценти.

Болест на бубрезите

Болеста на непцата што произлегува од лошите навики за орална хигиена, исто така, може да влијае на појава на заболување на бубрезите. Една студија објавена во “Journal of Periodontology” покажува дека возрасните со заболување на непцата имаат скоро пет пати поголема веројатност да развијат хронично заболување на бубрезите.

Дијабетес

Долго се зборува за врската помеѓу дијабетесот и заболувањето на непцата, а неодамнешното истражување, објавено во списанието “Diabetologia”, заклучило дека зголеменото четкање на забите може да резултира со осум проценти намален ризик од дијабетес.

 

Извор: rs.n1info.com