Неда Украден не се откажува од наследството од дедо и’: Роднините се лутат, сега и’ се закануваат – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 10:27 PM

Неда Украден не се откажува од наследството од дедо и’: Роднините се лутат, сега и’ се закануваат

Музичката ѕвезда, Неда Украден нема мир од своите роднини од Хрватска. Наводно, пејачката поднела тужба против своите роднини бидејќи ја исклучиле од наследниот спор на нејзиниот дедо, па сега и’ се закануваат и ја уценуваат!

Неда тужеше 26 членови на семејството од Имотски, затоа што не ја зедоа предвид кога делеа имот што и’ припаѓа според законот, a многумина од нив сега сакаат да и’ се одмаздат – објаснува извор за српските медиуми.

„Тие сметаат дека Неда има доволно, бидејќи е позната и заработува пари и не им е јасно зошто сега го бара тој дел од имотот, па преку други роднини и’ порачуваат да се чува, но и дека ќе ја обезглават ако не ја повлече тужбата. Од друга страна, Неда верува дека има право на својот удел и нема намера да се откаже, па затоа го оставила случајот на адвокатот да се справи со тоа бидејќи, како што рече, законот е на нејзина страна и таа нема да се откаже од наследството. Сега, не знам дали заканите ја исплашија, знам само дека ќе се бори за тоа затоа што сака тоа да им го остави на ќерката и внуците“, додава изворот.

 

Извор:      espreso.rs