АБА лига останува без претставник во Евролигата? – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 8:52 PM

АБА лига останува без претставник во Евролигата?

Последната одлука на челниците на Евролигата да „подари“ уште две А лиценци, доведе до разнишување на местото од АБА лигата кое досега беше резервирано за најквалитетното европско кошаркарско натпреварување. А со тоа се постави и прашање за смислата на постоењето на регионалната лига, со оглед на тоа дека тогаш и домашните првенства од тој аспект би биле идентични.

Како што пренесува српски „Моцарт Спорт“, следната сезона АБА лигата ќе го задржи претставникот во Евролигата, иако постојат најави дека покрај 13-те лиценци и Алба – Берлин ќе добие дополнителна. Регионалното натпреварување барем за следната година ќе има приоритет, бидејќи нема екипа со А лиценца, ниту пак долгорочна вајлд-карта.

Неизвесноста останува за сезоните кои претходат. Тимовите мораат да се носат со европската конкуренција и да прикажат организациони и ростерски прогресии, доколку сакаат да ги исполнат критериумите кои ги налага Евролигата. Со други зборови, тенденцијата на Евролигата е народски кажано „плати – клати“ и богатите и моќни финансиски клубови во иднина ќе го водат главниот збор на кошаркарската мапа во Европа.