Видео: По рецептот на баба – неодолив колач со чоколадо и банана – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 8:32 PM

Видео: По рецептот на баба – неодолив колач со чоколадо и банана

Ретко кој може да одолее на комбинацијата чоколадо со банана. За сите вас, кои сте љубители на слаткиот вкус што го има оваа комбинација, денес ви носиме рецепт за десерт со кој ќе уживате во есенските денови.

Потребни намирници: 

3 јајца

200 гр шеќер

4 лажици брашно

2 лажици какао

50 мл масло

50 гр суво грозје

50 мл јогурт

1/2 прашок за печиво

1/2 литар млеко

3 банани

2 пудинга од ванила

150 гр чоколадо

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со 4 лажици шеќер, додадете брашно, какао, прашок за печиво, суво грозје, јогурт, масло и добро промешајте ги сите состојки. Истурете ја смесата во тесна тава и печете на 200 степени 25 минути. Кога кората ќе се олади, исечете ја на половина.

Згответе го пудингот во млеко, додадете шеќер по желба, а потоа во него додадете 50 гр чоколадо да се стопи.

Исечете ја кората на две половини. Првиот дел премачкајте го со половина од приготвениот пудинг, а потоа наредете ги бананите и врз нив намачкајте го преостанатиот дел од пудингот. Потоа ставете ја и другата половина од кората. Растопете го чоколадото, па прелијте го колачот и оставете го да се стегне.