Една година подоцна, по контроверзниот финиш на Светското првенство во шах во 1984, Анатоли Карпов и Гари Каспаров се судрија во Москва и го дадоа одговорот на прашањето кој е најдобриот шахист на планетата.
Каспаров на 22 годишна возраст станува тринаесеттиот, воедно и најмлад светски шампион во шах. Серијата траела повеќе од два месеци, а двајцата генијалци одиграле вкупно 24 мечеви. Доколку и двајцата шахисти имале по 12 победи, сепак Карпов ќе бил тој што ќе ја задржи титулата.
Младиот Каспаров се погрижил во последното соочување на турнирот, да го изненади светот и врвниот опонент и да го победи Карпов во „играта на својот живот“, според неговите зборови.
Финишот од епскиот двобој на Каспаров и Карпов, погледнете го на следното видео, архивска снимка од Советската телевизија:
On November 9, 1985, thirty-five years ago, Garry Kasparov became world champion after a Herculean effort against Anatoly Karpov. Scenes from the Soviet television archive: https://t.co/Xxo0fm3lSm pic.twitter.com/FLhrmKUPJf
— Olimpiu G. Urcan (@olimpiuurcan) November 9, 2020