ВИДЕО: Тиаго Силва е горд што игра за Френк Лампард во Челзи – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 6:14 PM

ВИДЕО: Тиаго Силва е горд што игра за Френк Лампард во Челзи

Додека Челзи летово „трошеше пари“ на засилувања воглавно од навалната линија, со исклучок на Бен Чилвел и доцното засилување на голманската позиција во името на Едуар Менди, фановите и јавноста се прашуваа зошто екипата од западен Лондон не пазарува дефанзивци. Минатата сезона дефанзивната линија на „сините“ беше најранливото место во тактичките замисли на Френк Лампард.

Кога се појави првата шпекулација дека ветеранот Тиаго Силва како слободен играч од ПСЖ ќе се пресели во Челзи, многумина беа скептични и го доведуваа до прашање трансферот на Бразилецот, највеќе поради неговата возраст и неможноста на 35 години за адаптација во нова средина и лига.

Но, Силва ги замолчи и најголемите критичари и песимисти и целосно ја реорганизираше одбраната на Челзи. Уште на првиот дебитантски натпревар во Премиер Лига, Силва ја доби довербата од Лампард и го предводеше тимот на гостувањето против новајлијата, а како што одминуваше времето некогашниот стопер на италијански Милан се претвори во вистински лидер на Челзи.

Финалистот од ланската сезона во Лигата на Шампионите, денес јавно зборуваше за релацијата со менаџерот на Челзи и фудбалска легенда и за тоа како ужива во новото поглавје во кариерата.

 

-Горд сум што сум менаџиран од поранешна атлета со која се имам и соочувано на терен во минатото. Еден од најдобрите средњаци во светот. Многу сум среќен што со него ја делам соблекувалната и имам можност разменувам идеи. Тој е некој што многу зборува и сака да зборува со своите играчи, а јас се трудам да му помогнам и на теренот и надвор од него, изјави Тиаго Силва.

Бразилскиот репрезентативец претходно изјави дека Лампард му испратил заедничка фотографија од нив двајцата, од времето кога тој и Лампард биле капитени на Англија и Бразил и според него тоа претставувало мотив повеќе да не продолжи со парижаните и да се пресели во редовите на Челзи летово.