Кинеска компанија убедена во безбедноста на својата вакцина за Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 5:40 PM

Кинеска компанија убедена во безбедноста на својата вакцина за Ковид 19

Кинеската компанија „ Sinovac Biotech “ објави дека е убедена во безбедноста на својата експериментална вакцина против ковид-19, и покрај прекинувањето на клиничкото испитување во Бразил по „сериозниот инцидент“.

„Убедени сме во безбедноста на вакцината“, се вели во соопштението на лабораторијата, додавајќи дека вакцината нема никаква врска со инцидентот за кој станува збор.

Бразилската санитарна агенција Анвиса објави дека одлучи да го запре клиничкото испитување на експерименталната вакцина „Sinovac Biotech“ против коронавирус, бидејќи на 29 октомври се случи „сериозен инцидент“.

 

Агенцијата не даде детали, но посочи дека ваквите инциденти може да имаат дури и фатален исход со секундарни последици.

Институтот Бутантан, кој ги координира испитувањата за вакцини во Бразил, рече дека е „изненаден“ од одлуката на надлежните органи.

Тестирањето на кинеската вакцина во Бразил беше прекинато истиот ден кога американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ објави дека неговата вакцина против коронавирус постигнала ефикасност од 90%.

Преземено од: http://rs.n1info.com/