(Видео) Да можевме да бираме, Македонија пак ќе ја изберевме за сосед- Градоначалникот на Тирана и се довери на убавицата Ангела Јакимовска – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 7:10 PM

(Видео) Да можевме да бираме, Македонија пак ќе ја изберевме за сосед- Градоначалникот на Тирана и се довери на убавицата Ангела Јакимовска

Убавицата Ангела Јакимовска ќе ја претставува Македонија на Изборот за Miss Globe во Албанија, кој веќе е во тек, а финалето е закажано за 12 овој месец.  Во рамките на изборот планирани се повеќе активности за 42те убавици од целиот свет, од кои се добиваат поени, што потоа ќе имаат влијание на главниот избор.

Нашата претставничка успешно го помина талент шоуто, каде настапи со жежок латино танц на песна од Рики Мартин.

-Па сакав пожива песна,  која ќе прилега за едно шоу, а се пее за убавината  на една жена. Ја избрав бидејќи, сепак, ова е натпревар за убавина и талент.  Мене латино танците најмногу ми прилегаат, вели Ангела.

Втор чекор до титулата најубава беше  „ хед ту хед челинџ  шоу“,  натпревар каде во живо  на учесничките им поставуваа прашања и им се мери интелигенцијата. Според одговорите и гласовите Ангела беше  втора придружничка.

Денес девојките имаа средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој преку неа поздравил свои пријатели во Македонија.

-Бил пријател и со Дарко Димитров и Петре Шилегов. Ми рече: „ Поздрави ја ако ја видиш Тамара Тодевска, ми беше на гости и ми донесе подарок“.  Уште и додаде: „ Соседите не можеме да ги бираме,  ние сме многу добри соседи со вас. Ама да имавме можност да бираме, пак, ќе ве одбравме вас за соседи“, додаде Ангела.

Лиценцата за овој натпревар ја има модното студио „Црнокрак“, преку кои  замината и Ангела. Нашата претставничка на овој познат светски избор блесна  во гардероба на атељеата  Соња   Лавори. Какви ќе и бидат шансите, односно дали на Македонија ќе и донесе титула ќе се види на 12 во среда.