Маскотата на Арсенал која во „пандемискиот фудбалски период“ остана без својата работа, повторно се врати на старото добро место, онаму каде што припаѓа.
Познатиот „Ганерсаурус“ беше неодамна отпуштен од страна на клубот, поради тешката финансиска ситуација од коронавирусот и поради недостатокот на фанови на трибините во Англија.
Џери Куј, човекот кој од 1993 година беше на секој натпревар на „топџиите“ на „Хајбери“ и „Емирати“, го напушти тимот од северен Лондон, предизвикувајќи лавина реакции од фановите и целокупната англиска јавност.
Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил, веднаш реагираше и понуди дел од неговата плата да оди на контото на маскотата, а навивачите на социјалните мрежи започнаа кампања за собирање финансиски средства кои ќе му помогнат и воедно засрамат големото англиско фудбалско име, враќајќи го „Ганеросаурусот“ на тревниците пред почетокот на секој домашен натпревар.
И тоа се случи. Денес „Ганерсаурусот“ зачекори повторно на „Емирати“ и веќе од следното деветто коло во Премиер Лигата ќе им носи среќа на фудбалерите на лондонскиот гигант. Тој се пофали на социјалните мрежи и наиде на низа симпатични коментари полни со поддршка.



